Според пишувањата на медиумите, канцеларот Шолц најавил дека во јануари ќе се гласа за доверба на владата, а предвремените избори најверојатно ќе се одржат во март.
JUST IN - Germany's Chancellor Scholz: Vote of confidence in January, potential snap election in March.
— Disclose.tv (@disclosetv) November 6, 2024
Линднер му предложи на Шолц нови избори за почетокот на 2025..
„Го ослободив Линднер од неговите должности. Овој потег беше неопходен за да се обезбеди безбедноста на нашата земја. Ни треба повеќе финансиски простор за да можеме да маневрираме преку предизвиците. Министерот Линднер не покажа волја да спроведе ниту еден од нашите предлози“, рече Шолц и додаде:
„На нашите компании им треба поддршка, веднаш. Секој што ќе ја одбие, се однесува неодговорно. Линднер не работеше за општо добро, туку за доброто на неговата клиентела и партија“.
Канцеларот додаде дека ќе разговара со опозицискиот лидер Фридрих Мерк, од Христијанско-демократската унија, бидејќи „економијата не може да чека до изборите“.