Избирачките места во округот Камбрија ќе бидат отворени дополнителни два часа, до 22 часот по локално време.
Таа област гласаше 70 отсто за републиканскиот кандидат во 2020 година.
Пенсилванија е една од седумте клучни, т.н „swing“, држави која ќе одлучува кој ќе биде новиот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп или демократката Камала Харис.
Локалната изборна комисија излезе на суд откако утврди „софтверска грешка“ во машините за броење гласови поради што „гласачите не можат да ги скенираат пополнетите гласачки ливчиња“, се вели во судските документи.