„Ние секогаш инсистиравме дека нашиот клиент е невин“, рекоа тие, нарекувајќи ја пресудата важен чекор кон заштита на угледот на Усманов.
Усманов, според индексот на милијардери на Блумберг, има богатство од околу 14,4 милијарди долари, собрано од активности во областа на рударството, индустријата, телекомуникациите и медиумите.
Неговите адвокати рекоа дека по повеќе од две и пол години истрагата не ги докажала главните обвиненија против него, вклучително и тоа за перење пари. /МИА