-Гејм, сет, меч, напиша денеска тој, употребувајќи ја фразата за победа во тениски меч. Како реакција на водтсвото на Трамп, тој исто така напиша: „Америка е нација на градители. Наскоро ќе бидете слободни да градите... Иднината ќе биде фантастична“.
Маск кој вложи над 130 милиони долари во кампањата на Трамп, но и самиот поранешен претседател кој е републиканец, потврди дека сопственикот на „СпејсИкс“ ќе зазеде важна позиција во новата администрација, а поврзано со реформирање на владата и драстично кратење на федералните трошоци.
Маск исто така изреагира позитивно и на објавата на онлајн платформата „Полимаркет“. Според неа, шансите на Трамп за победа на претседателските избори се зголемија до 90,1 отсто, додека веројатноста за успех на демократската ривалка Камала Харис се помалку од 10 отсто.