Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Групи граѓани стражарат низ опустошената Валенсија од поплави, за да спречат грабежи (ВИДЕО)

5 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Мартин (19), кој е еден од членовите на таквата група, изјави за Ројтерс дека тој и неговите пријатели го земаат законот во свои раце бидејќи веруваат дека полицијата не ја исполнува својата должност да ја одржува јавната безбедност.

„Патролираме затоа што не сакаме нашите соседи да ја почувствуваат несигурноста што ја чувствуваа во последните неколку дена поради разни грабежи“, рече тој.

Паипорт е една од најтешко погодените области во поплавите во регионот на Валенсија, а досега се потврдени 60 од најмалку 217 жртви.

Гневот на луѓето во Паипорт порасна поради, како што велат, бавниот и недоволен одговор од властите, што доведе до тоа шпанскиот крал Фелипе и премиерот Педро Санчез да бидат гаѓани со кал за време на нивната посета во неделата.

Зборувајќи денеска на прес-конференција во Мадрид, Санчез рече дека бројот на грабежи по поплавите е драстично намален, а приведени се 170 лица за кои постои сомневање дека учествувале во грабежите.

Шпанија испрати речиси 15.000 полицајци и припадници на вооружените сили од цела Шпанија во регионот на Валенсија за да помогнат во расчистувањето на областа по поплавите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ