„Претседателот Бајден ја изрази својата посветеност за обезбедување непречена транзиција и ја нагласи важноста да се работи за зближување на земјата“, се вели во соопштението на неговиот кабинет.
Бајден го покани Трамп да се сретне со него во Белата куќа.
Датумот на состанокот се очекува да биде во блиска иднина.
Исто така, денеска разговараше и со потпретседателката Камала Харис, на која наводно ѝ честитал за „историската кампања“.
Претседателот Бајден утре ќе ѝ се обрати на нацијата за изборните резултати и транзицијата.