Преминувањето на
семафорите во Кина не носи само парична казна. Таму почнаа јавно да ги исмеваат
граѓаните кои извршиле таков прекршок, а со тоа да му наштетат на угледот и
приватноста на сторителот.
Во последниве
години, кинеските власти користат напредна технологија за да ги идентификуваат
и срамат луѓето кои ги прекршуваат сообраќајните прописи.
Дали оваа казна е
непропорционална со стореното дело? Можеме да кажеме дека е така, но навистина
нема сериозна јавна дебата во Кина.
Првиот систем
беше инсталиран во 2018 година во градот Даје во провинцијата Хубеи. На
семафорите е поставен сензорски систем пред кој има „зебра“ за откривање диви
пешачки премини.
Во овој случај,
прво се активираат низа механизми кои прскаат со фина магла ладна вода врз
престапникот, а сето тоа е придружено со снимено гласовно предупредување:
„Ве молиме, не ја
преминувајте улицата сега, тоа е опасно“, сепак, процесот на иновација не
застана тука. Во 2019 година, неколку градови во Кина, како што е Шангај,
почнаа да користат уште понапреден систем кој комбинира камери за препознавање
лице со огромни екрани.
Овој систем не
само што ги снима пешаците кои поминуваат на црвено светло, туку и ги проектира
нивните лица на екраните лоцирани на јавните патишта.
Најшокантно кај
оваа мерка е што фотографиите остануваат видливи цела недела.
Но и тоа не е се,
бидејќи на екранот се прикажува и дел од личната карта на прекршителот, што се
подразбира како нарушување на приватноста.