Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на Брисел оствари средба со Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеј.
"Пријателска средба во Брисел со Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеј. Разговаравме за нашите приоритети и иднината на Македонија. Со јасен план и чекори до целта," напиша Мицкоски во својата објава на Фејсбук.