На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом. Собранието е место каде што демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените, изјави Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
- Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња, внимавајте што ви излегува од уста! Тоа најмногу говори за вас. Срамота – рече Пешевска.