Уставниот суд утрово одржува седница. На дневен ред се 7
иницијативи и едно интересно барање за заштита на слободите и правата.
Имено, граѓанин смета дека со дејствијата на МВР, конкретно
со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако
„Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, му е загрозено
уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и
да се врати во неа.
Со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи
подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на
другите граѓани на Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола
во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило
дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална
припадност, стои во наводите од барањето.