Изет Меџити со одговор до ДУИ да не се измешаат работите, бидејќи тоа што имало унапредување во употребата на албанскиот јазик никој тоа не го негира.
– Дека членовите на Уставниот суд се избрани од вас и ова е факт, дека законот сте го испратиле во Венецијанската комисија и ова е факт. Јавните изјави од вашите министри во последните четири години беа во таа линија дека ќе се апсолвираат забелешките на Венецијанската комисија и за овие забелешки, каде што ги спомнавме и дека не беа спроведени, иако во тој Закон немаше банкноти и тие работи што беа проблематични и униформите немаше спроведување на овој Закон. Околу балансерот вашите министри дадоа мислење и тие се идентични со овие уставни судии, кои се на иста линија, вели Меџити.
Тој посочи дека не може да бараат нешто да се реши за три месеци, кога не е решено 20 години.
-Не може нешто да се реши кога Владата беше зависна од вас, особено последната власт, мандатот го потрошивте за да не ја унапредите употребата на албанскиот јазик, туку мандатот го потрошивте за оној кој ја водеше Владата за развој на казино и другите бизнис, а правдата и судот ќе го кажат своето, изјави Меџити.