Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска при
посета на поставување камен темелник на изградба на нова детска градинка во
Општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање за што прави Владата за
младите одговори дека<span style="mso-spacerun:yes"> </span>младите се во
фокусот на Владата како и сите останати граѓани на Македонија.
„Младите се во фокусот на Владата, впрочем сите се во
фокусот на владата, но и младите. Ќе ве потсетам дека во моментот интензивно се
работи на реновирање на студентските домови, некаде околу 18 милиони евра има
тука инвестиција, во буџетот се предвидени оние 250 евра за дигитални уреди
коишто ќе ги користат сите студенти на сите универзитети коишто веќе се
планирани во буџетот“, посочи премиерот.
Претседателот на Владата Мицкоски додаде дека се планирани
пари за поддршка на нови бизниси на младите и ги охрабри младите да се борат за
да успеат.
„Тука се планирани оние 10 милиони евра коишто треба да
бидат во форма на грант за старт ап бизниси на младите и уште многу други
проекти, млади специјализанти итн., нешто што досега беше незамисливо за
претходните влади, ние тоа го правиме и го овозможуваме и ги охрабрувам младите
да влезат во борба со животот затоа што само така можеме заеднички да успееме
како општество, животот е борба, дневно се бориме за да успееме, секој ден е
нов предизвик, секој ден тој предизвик треба да го совладаме, ништо не паѓа од
небо готово за се мора да се бориме и да го заслужиме“, посочи премиерот
Мицкоски и додаде дека се на што се работи сега ќе остане за младите во иднина.
„Ние сме тука да помогнеме и да работиме да го оставиме тоа
коешто го работиме на младите, бидејќи на нив останува иднината, а ние како
Влада ќе сториме сешто можеме да им оставиме подостојна и попристојна иднина“,
кажа Мицкоски.