Според извештаите на ABC World News и аргентинскиот весник La Nación, полицијата уапсила двајца вработени во хотелот и пријателот на Лиам, кој наводно се претставувал како негов менаџер. Според нив, пејачот поминал извесно време со нив пред неговата смрт.
Вработените во хотелот се обвинети дека го снабдувале Лијам со наркотици кои биле пронајдени во неговото тело откако паднал од третиот кат во хотел во Буенос Аирес. Иако обдукцијата на Пејн покажала дека тој починал од повеќе повреди, вклучително и внатрешно и надворешно крварење, во извештајот за токсикологија од Националното обвинителство е наведено дека во неговиот систем бил пронајден „розов кокаин“, кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.
Аргентинскиот La Nación го идентификуваше наводниот пријател на Лиам како бизнисмен кој сега е обвинет дека го занемарил и го напуштил Лијам, затоа што не го известил семејството на пејачот дека е во неволја и дека користел дрога.
Оттаму јавуваат и дека полицијата извршила претрес во осум куќи. Пребарана е и деветта локација, а наводно станува збор за собата на две жени кои, според информациите, биле со пејачот неколку часа пред неговата смрт.
Полицијата запленила девет мобилни телефони, три компјутери, два хард дискови и тегла со марихуана, пренесува La Nación.
Јавниот обвинител Андрес Мадреа неодамна потврди за Би-Би-Си дека телото на Пејн било вратено на семејството откако било задржано во Аргентина додека локалните власти извршиле дополнителни токсиколошки и лабораториски тестови.