Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Во недела Леверкузен ќе “гори“, ќе се слави првата титула во историјата на Баер!

6 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

И веќе е готово. По срамниот пораз на Баерн Минхен на гости кај Хајденхајм, а по победата на Баер на гости во Берлин, на шест кола до крајот “фармацевтите“ имаат +16 бодови пред “баварците“ и пред “швабите“ од Штутгарт. Или сликовито Баер е прв со 76 бодови, а Баерн и Штутгарт го делат второто место со по 60 бодови.

Ова значи дека во недела математички тимот на Чаби Алонсо може да стане шампион, ќе треба само на “Бај Арената“ пред своите фанови да се победи Вердер.

Може да биде шампион и во сабота попладне, ама ќе треба Баерн дома да загуби од Келн а Штутгарт да загуби дома од Франкфурт.

Се разбира дека ако не ова коло, тогаш она наредно, Леверкузен ќе ја запечати титулата.

И се разбира дека во недела, на 14 април градот Леверкузен ќе гори, сите се спремаат за славје по повод освојување на првата титула во историјата на клубот.

Дали некој минатиот август помислуваше дека на пет кола до крајот на сезоната во Бундеслигата токму Леверкузен ќе ја слави титулата?

Веруваме никој на овој свет.

Но, ете…14 април 2024 година веројатно ќе биде запаметен за наредните децении од сите фанови на Леверкузен.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ