Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛШ полуфинале: Баерн VS Реал, дуел на титаните!

30 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен, се игра Европското Класико, дуелот на титаните. Баерн против Реал во првиот меч од првото полуфинале во ЛШ.

Клубови кои заедно имаат 20 титули во ЛШ, клубови кои заедно имаат 43 трофеи во фудбалска Европа. Ете затоа велиме титани, затоа велиме Европско Класико.

Овој двомеч е последна шанса за “баварците“ со Кејн на чело да си ја спасат сезоната Но, кој може да го победи Реал? Ако тоа не го стори Манчестер Сити, тогаш секако дека тешко ќе му биде на Баерн Минхен, но….ајде да не го отпишуваме предвреме баварскиот гигант.

Баерн е во потрага по својот седми пехар во ЛШ, додека Реал по својот 15 пехар. Мотиви до небо, квалитет за уживање, спектакл прво во Минхен а потоа и во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот.

Ако се вратиме низ историјата, овие две екипи досега одиграле 26 мечеви во Лигата на Шампионите, Баерн Минхен има 12 победи, Реал Мадрид една помалку а само три меча завршиле без победник. Што се однесува до головите тој е на страната на Реал со 41:39.

Од се ова се заклучува дека по традиција Баерн Минхен знае како треба против Реал кога најмногу треба, но дали во денешно време четата на Томас Тухел е спремна за да се елиминира тимот на Карло Анчелоти?

Секако дека останува да се види.

А ние ќе уживаме во мајсториите на играчите на два клупски титани. Ќе уживаме во уште едно Европско Класико.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ