<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Георги Георгиевски е
19-годишник од Скопје, кој од Балканското првенство во бодибилдинг, одржано
изминатиов викенд во Романија, се врати со злато. Георги беше најуспешен
во категоријата бодибилдинг јуниори, односно на возраст од 16 до 20
години.</span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">На ова балканско првенство Георги замина откако на Националниот куп, одржан на домашен терен во салата
„Борис Трајковски“, успеа да победи во 3 категории, и
тоа: Бодибилдинг тинс до 19 години, бодибилдинг јуниори до 23 години
и бодибилдинг полутешка категорија до 90 килограми каде „силата си ја
измери“ со постари и поискусни натпреварувачи, но сепак успеа да го освои
првото место.</span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Со самиот пласман на овој
национален, куп кој воедно беше и квалификација за престојното Балканско
првенство, изминатиов викенд Георги и уште неколку наши репрезентативци - Андреа
Аврамоска, Ајремин Јусуфи, Петар Стојановски, Дејан Димков и Томче Николоски предводени
од претседателот на бодибилдинг федерацијата на Македонија Бобан Ѓороски, замина во Темишвар, Романија, каде успеа да се закити со медал во својата
категорија. </span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Инаку, Георги е дел од тимот на
GymKit - новосоздаден бренд кој за цел има да ги поддржи младите спортисти со
цел да се развие овој спорт и да се создадат уште поуспешни претставници, кои
гордо ќе ги бранат боите на нашата земја. </span>