Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Де Зерби сака во Милан, но „росонерите“ не сакаат да платат 15 милиони за него

3 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Роберто Де Зерби е сериозно заинтересиран за клупата на Милан.

Според „Газета дело Спорт“, раководството на Милан се обидува да го ангажира Де Зерби на местото на Стефано Пиоли, но клаузулата во договорот на италијанскиот стручњак со Брајтон е сериозна пречка за реализација на оваа желба и од двете страни.

Милан не сака да плати 15 милиони евра за да го раскине договорот на Де Зерби. Тие велат дека се подготвени да разгледаат други опции, но само доколку Брајтон е подготвен на преговори. Претходно беше забележано дека Милан има намера да разговара и со Тиаго Мота, актуелниот тренер на Болоња.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ