Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Артета: Бевме подобри, требаше да дадеме 3-4 гола!

14 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Микел Артета верува дека Арсенал бил подобар тим од Астон Вила денеска, особено во првото полувреме.

„Две сосема различни полувремиња. Во првото се беше одлично, едно од најубавите полувремиња на меч против врвна екипа. Требаше да постигнеме 3, 4 гола, па дури и повеќе. Но, не го направивме ова, а нашата предност не се одрази во второто полувреме. Ни недостасуваше моментум, го немавме ритамот каков што имавме во првото полувреме. И тогаш примивме два страшни гола. Мораме да му оддадеме почит на противникот. Во вториот дел ни недостасуваше прецизност во движењето на топката и не можевме да го направиме она што го правевме пред паузата. На крајот загубивме, честитки за противникот за освоените бодови“, вели Артета.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ