Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Свикани се итни состаноци на Г7 и на Советот за безбедност- светот во страв од ескалација

14 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Нашата цел е да придонесеме за деескалација и безбедност во регионот“, напиша Борел денеска на „Х“, поранешен Твитер. Поради иранскиот напад врз Израел, попладнево беше свикан видео состанок на Г7, како и вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН.

За прв пат во историјата на Исламската Република, Иран преку ноќ директно го нападна својот најголем непријател Израел. Нападот е одмазда за убиството на високи ирански офицери во Сирија во наводен израелски воздушен напад претходно овој месец.

Светот стравува од ескалација на конфликтот во регионот, каде што војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа трае повеќе од шест месеци.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ