Камион без возач прегази 29 уечници на фестивал одржан во средата во Киргистан!
Возилото, кое го користело продавач на сладолед, ненадејно се тргнало да спушта надолу и прегазило толпа ученици, од кои многумина биле свртени со грб. Некои успеале да побегнат, но многумина немале толку среќа.
Осумнаесет деца на возраст од 9 до 16 години се хоспитализирани, додека седум се во критична состојба.
Застрашувачкиот инцидент го снимила камера на дрон која го снимила моментот кога децата држеле големо знаме на Киргистан.
На видеото се гледа како камионот ненадејно се движи по удолницата и минува низ групите деца. Медиумите пренесуваат дека тој постигнал брзина од речиси 50 километри на час. Се гледаат и некои мажи кои се обидуваат да скокнат во возилото за да го запрат.
- Возачот заборавил да ја повлече рачната сопирачка, се наведува во еден извештај.
Полицијата започнала прелиминарна истрага за инцидентот.