Социјалистичката партија на Македонија укажува дека
гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата и народот во Македонија.
Народот е обединет и после 7 години бара оваа криминална влада да си оди и да
бидат казнети сите кои се огрешиле од законот.
Коалицијата „Твоја Македонија“ ја започна трансформацијата
на Македонија кон стабилна, транспарентна и просперитетна земја. Со Коалицијата
може да се запрат негативностите во државата што ги создадоа СДС и ДУИ.
Криминалците и мафијата од овие партии мора да бидат отстранети и казнети.
Нервозата кај СДС и ДУИ се менува во страв и агресија, со
закани и навреди кон Коалицијата, со лаги и клевети да го одвратат и одбијат
народот да гласа за својата иднина.
Антивладиниот бран расте и се зголемува се повеќе. Тој бран
јакне како отпор што носи промени за слобода и правда и за шанси за државата да
се движи кон европскиот пат.
Прогарамата 1198 на Коалицијата е програма од народот која
ги содржи сите негови барања и тие ветувања сигурно ќе бидат реализирани како
одговор на нараснатите проблеми на граѓаните и за иднината на младите.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека народот со масовна
поддршка и само со гласање за кандидатите на Коалицијата „Твоја Македoнија“ ќе
ја обезбеди стабилноста, иднината и просперитетот на државата.