Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Две жртви во судар на две возила на патот Радовиш-Штип

3 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип животите ги загубија двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.

„На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило „опел” е пренесена во Медицински центар Штип“, изјави Трајанова.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат. Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ