На прашањето кој кандидат ќе го поддржат, односно Стево
Пендаровски или Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските
избори, Изет Мејхити од ВРЕДИ рече дека гласовите ги немаат во џеб, а граѓаните
сами ќе оценат, пренесува ТВ21. Меџити рече дека вториот круг ќе биде
формалност, бидејќи, според него, разликата во гласовите меѓу двајцата
кандидати е преголема.
„Гласачите што гласаа за Таравари, над 83.000 гласачи, ние
ги немаме тие гласови во нашите џебови. Граѓанинот Албанец знае сам да ја даде
процени кој заслужува да биде следен претседател. За волја на вистината,
разликата меѓу првиот и вториот кандидат е преголема, па вториот круг е повеќе
формалност. Можеби и тоа е и причината што до овој момент нема притисок или
некое сериозно барање за албанските гласови“, рече Меџити.