<span style="font-family:"Arial",sans-serif">- А бе кај си бе ти? Ми те
нема нешто? У гужва да не си? Со ваучерите нешто?, пишува на Фејсбук
портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски во пораката упатена до Дарко
Каевски. </span>
Претходно од <span style="font-family: Arial, sans-serif;">ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение рекоа дека </span><span style="font-family:"Arial",sans-serif">Каевски ја
злоупотребил позицијата како директор на АМС, како и дека со распределбата на ваучерите е направен милионски криминал.</span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">- Каевски како директор на
Агенцијата за млади и спорт, неговиот наследник Наумче Мојсовски и Даниел
Димевски од МОК се гонат заради сомнежи дека како директори на Агенцијата, но и
членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување
на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските
процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на
државата, но и луѓето што имале законско право на тие пари, а не им биле
доделени, се вели во партиското соопштение.</span>