Православните верници утре го одбележуваат Велики четврток во знак на сеќавање на Тајната вечера на Исус Христос и неговите ученици. Ова е еден од најзначајните денови во Страсната седмица кога е воведена Светата тајна причест, најсветата тајна евхаристија.
Меѓу народот има различни верувања и обичаи за Велики четврток, а едно посебно е поврзано само со девојките.
Имено, девојките во пресрет на Велики четврток треба да стават огледало, чешел, пешкир под перницата. Пред да спијат да кажат: „Кој ми е суден, нека дојде вечерва да се избрише со крпата, да се исчешла со чешелот и да се погледне во огледалото.“
Се верувало дека девојката ќе се омажи за момчето кое го сонувало таа вечер. За да дознаат каде ќе се омажат, во село или на некое друго место, девојките во пресрет на Велики четврток сееле босилек во градината, а следниот ден го проверувале местото.
Се верувало дека ако има отпечаток од копита на рамната земја во градината, тогаш ќе се венчаат надвор од селото, а ако виделе отисок од шепа или човечко стапало, тоа им било знак дека ќе се омажат во селото.
Во некои села пред зајдисонце, девојките трипати треселе некое овошно дрво или дрво и потоа чекале да слушнат кое име прво ќе го чујат: ако чуеле машко име, верувале дека таа година ќе се омажат.