Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Шетала по плажа, па пронашла шише со порака, старо 132 години- се зачудила на јазикот

11 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Неверојатното откритие е снимено во 2018 година, точно 132 години по пишувањето на пораката, пишува Daily Star.

Тоња уживала во својата прошетка кога забележала куп ѓубре и решила да го земе. Потоа нашла шише со порака.

„Мислеше дека ќе изгледа убаво на полицата за книги, па го донесе“, изјави тогаш нејзиниот сопруг Ким.

Двојката внимателно ја извадиле белешката и ја исушиле во рерна, а потоа сфатиле дека пораката е напишана на 12 јуни 1886 година и тоа на германски јазик!

„Од пронаоѓачот било побарано писмото да му го предаде на германскиот конзулат“, додал сопругот.

Во меѓувреме, експертите од музејот на Западна Австралија ја потврдиле автентичноста на пораката, по консултации со колегите од Германија и Холандија.

Ќе испадне дека шишето било фрлено од бродот „Пола“, како дел од експериментот на Германската поморска опсерваторија на океанските и бродските патишта.

„Претресот на архивите во Германија најде запис во оригиналниот дневник на капетанот на бродот. На 12 јуни 1886 година, тој забележал дека шишето било фрлено во морето. Датумот и координатите се совпаѓаат со пронајдената порака“, објасни д-р Рос Андерсон.

Шишето било фрлено во југоисточниот дел на Индискиот Океан додека бродот патувал од Кардиф за Индонезија. Струите го однеле до австралискиот брег, а којзнае колку долго било скриено во песокот или ѓубрето.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ