Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Принцот Хари бил на пет минути од резиденцијата на својот татко, па сепак не го посетил

8 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Војводата од Сасекс вчера пристигнал во Лондон од Калифорнија, сам, без сопругата и децата, за да присуствува на 10-годишнината од настанот Invictus Games, чиј основач е тој.

Инаку, Хари присуствуваше на настанот на место помалку од пет километри оддалечено од резиденцијата на Чарлс.

Како што пренесуваат британските медиуми, принцот Хари верувал дека за време на оваа посета на Велика Британија ќе се сретне со својот татко, со кого веќе некое време е во нарушени односи, но овој план му вродил контраефект бидејќи кралот Чарлс имал „полн распоред“.

„Одговорот на многуте прашања и тековните шпекулации за тоа дали војводата ќе се сретне со својот татко додека е во Британија оваа недела е дека, за жал, тоа нема да биде можно поради презафатениот распоред на неговото височество. Војводата, се разбира, ги разбира обврските и распоредот на неговиот татко и разни други приоритети и се надева дека ќе го види наскоро“, рече портпаролот на Хари.

Кралскиот аналитичар Ричард Палмер реагираше на оваа вест, нарекувајќи ја „изненадувачка“.

„Би било изненадувачки доколку кралот и Хари всушност воопшто не се сретнат и можеби тоа е знак за тоа колку повеќе е потребно за да се изгради мост меѓу нив. Имаше многу медиумски шпекулации за средбата татко и син. Иако отсекогаш било на ниво на шпекулации, претпоставував дека ќе се видат“, прокоментира Палмер.

Да потсетиме дека Хари и Чарлс последен пат се видоа во февруари оваа година, по шокантното сознание дека кралот боледува од рак.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ