Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Рома и Јуве ги поделија бодовите во дербитo за место во ТОП-4

5 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа интересно и неизвесно дерби во 35-тото коло од италијанската Серија А, со резултат 1:1. Дербито за место во Лигата на Шампионите следната сезона ни понуди неколку возбудувања, но само два гола.

Резултатот го отвори Ромелу Лукаку со гол во 15-тата минута, а во 31-та Бремер изедначи. До крајот на натпреварот Рома беше подобриот ривал и имаше неколку убави шанси, но момците на Де Роси не успеаја да постигнат втор погодок. Во последните минути голманот на Рома, Свилар имаше две фантастични интервенции и не дозволи изненадување во финишот.

Со овој резултат Рома се наоѓа на 5-тата позиција со 60 освоени бода, а Јувентус на 3-тата со освоени 66 бодови.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ