Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Палас му одржа лекција на Јунајтед – го демолира со 4:0

6 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Екипата на Манчестер Јунајетд доживеа срам на гостувањето кај Кристал Палас во меч од 36 коло на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ се избламираа на „Селхурст Парк“, а домашните водеа со 2:0 на полувреме, а потоа дадоа уште два гола и заокружија висока победа над поранешниот повеќекратен англиски шампион.
Французинот Мишел Оли го отвори резултатот во 12 минута, зголеми неговиот сонародник Жан-Филип Матета во 40 минута.
Во 58 минута дефанзивецот Тајрик Мичел зголеми на 3:0, а потоа  Оли со својот втор гол на мечот во 66 минута става точка.
Јунајтед е осми на табелата и го запиша 13-тиот пораз сезонава. Има 54 бодови исто колку и седмопласираниот Челзи.
Палас е на 14-тото место со 43 бодови и ја запиша 11-тата победа.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ