Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Овој викенд ќе биде посебен за Килијан Мбапе

9 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе потенцијално ќе го одигра својот последен натпревар на „Паркот на принцовите“ во дресот на актуелниот клуб.

Иако никогаш официјално не беше потврдено, Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен и тоа уште во февруари го соопшти на раководството на „светците“. Сите релевантни инсајдери и медиуми објавија дека Реал Мадрид е следната станица на Французинот и дека наскоро ќе биде објавена неговата преселба во „кралскиот клуб“.

Затоа, овој викенд ќе биде посебен за него бидејќи, доколку не дојде до епски пресврт, Килијан Мбапе против Тулуз ќе се прости од „Паркот на принцовите“ и навивачите на Пари Сен Жермен и со тоа ќе ја официјализира информацијата за која главните актери молчат.

По тој дуел, за шампионот на Франција останаа уште две кола, ќе гостуваат кај Ница и Мец.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ