Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Левандовски одбива 100 милиони евра по сезона за да остане во Барселона

29 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој пред само неколку дена обезбеди учество на претстојното Европско првенство летово, нема намера да ја напушти Барселона и неговите планови се целосно поврзани со престојот на Камп Ноу и следната година, информира Мундо Депортиво.

Полјакот имаше неколку лоши недели оваа сезона и во еден момент неговото место во стартниот тим на Чави беше сериозно доведено во прашање. Постепено, сепак, ја врати добрата форма и од неодамна повторно е меѓу одлучувачките играчи на Каталонците.

Неодамна „Мундо Депортиво“ информираше дека Левандовски има сериозна понуда од над 100 милиони евра по сезона од Саудиска Арабија, а ситуацијата околу него ја следат уште неколку екипи од Европа, меѓу кои и Атлетико Мадрид.

Сепак, самиот резил не покажа интерес и сака да остане со Каталонците најмалку уште една година. Тој има договор со Барселона до летото 2026 година.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ