Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Безживотно тело на маж пронајдено во водите на Вардар

2 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во реката Вардар во близина на месноста позната како Јаниташ кај во Велес, полициски службеници од СВР Велес во средата претпладнето околу 8,30 часот пронашле тело на починато машко лице.

Како што информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ