Аке од Манчестер Сити се пресели во Фенербахче

3.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аке од Манчестер Сити се пресели во Фенербахче
фото: Milan Eye @MilanEye (X)

Фенербахче го објави потпишувањето на холандскиот дефанзивец Натан Аке. 31-годишниот холандски репрезентативец го напушти Манчестер Сити, а неговиот договор со „граѓаните“ требаше да важи до 2027 година. 

Фенербахче ќе му плати на Манчестер Сити 7 милиони фунти плус 1,5 милиони фунти бонуси. Претходно, турскиот клуб самостојно го потврди трансферот иако Манчестер Сити тоа се уште не го направил.

Според Фабрицио Романо, клубовите сè уште ги финализираат деталите од договорот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата