Далиќ е веќе „поранешен“, Хрватска бара нов селектор

3.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Далиќ е веќе „поранешен“, Хрватска бара нов селектор
фото: MugFPL @PandaNoComply (X)

Откако беше елиминиранa од Светското првенство, се поизвесно е дека хрватската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор. Златко Далиќ ја заврши својата ера на клупата на „коцкестите“, а Хрватската фудбалска федерација наскоро ќе започне со потрага по негов наследник.

Конечната одлука за смената на Далиќ сè уште не е официјално објавена. Според хрватските медиуми, по години поминати на клупата на Хрватска, Далиќ би можел да заклучи дека дојде вистинското време да си замине.

Се наведува дека не станува збор за тактички или професионален проблем, туку за чувство дека по бројните успеси е време за ново поглавје.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата