Apple имаше големи надежи за нови функции за вештачка интелигенција, но првите резултати од продажбата на iPhone 16 укажуваат на послаб одговор од потрошувачите од очекуваното
Ајфон 16 не се продава ни приближно како што очекуваше Apple
Apple сметаше на новите функции за вештачка интелигенција за да го направи iPhone 16 голем хит. Сепак, проценките пред продажбата укажуваат на послаб првичен одговор отколку што се очекуваше и во Apple владее тензија да се дефинираат причините и последиците.
Продажбата на iPhone е на ниско ниво со години, а компанијата не понуди значајна причина за надградба од воведувањето на 5G технологијата со iPhone 12. Оваа година Apple лансираше серија нови софтверски функции со AI елементи, надевајќи се дека ова ќе биде доволно за да се врати ентузијазмот на потрошувачите, но не се случува тоа. Напротив, Самсунг и кинеските производители како Хонор, Оне, Шаоми и Хуавеи настапија со нови модели и нови технологии кои пазарот ги прими со зголемен интерес, а Ајфон 16 остана некако на страна..
Според аналитичарот Минг-Чи Куо, Apple продаде само околу 37 милиони единици во првиот викенд од претпродажбата на iPhone 16, што е пад од 12% во однос на минатата година. Посебно загрижува побарувачката за поскапите модели на iPhone 16 Pro, која е драстично намалена. Аналитичарот на Wedbush, Ден Ајвс, го проценува бројот на уреди со претходна нарачка на околу 40 милиони, додека Анџело Зино од CFRA Research забележува пад на продажбата во споредба со минатата година.
Аналитичарите веруваат дека Apple може да се соочи со проблем кога се во прашање моделите што ги избираат корисниците.
Имено, побарувачката за поевтините модели на iPhone 16 и 16 Plus беше поголема отколку кај варијантите Pro и Pro Max, што може негативно да влијае на просечната продажна цена и вкупните приходи. Во текот на првиот викенд на претпродажба, Apple продаде 9,8 милиони iPhone 16 Pro и 17,1 милиони iPhone 16 Pro Max телефони, што претставува намалување од 27% и 16% во споредба со минатата година.
Причината, според Зино, е тоа што основните модели од серијата iPhone 16 можеби се едноставно премногу добри и повеќе исплатливи во однос на поскапите Про модели. Стандардните модели добија значителни подобрувања во однос на камерите и процесорите, што ги прави конкурентни со поскапите модели Pro. Исто така, испораката на моделите на iPhone 16 Pro во текот на првиот викенд траеше 1-2 недели, во споредба со моделите на iPhone 15, каде што клиентите чекаа 3-4 недели.
Рецензиите на водечките светски техно магазини и портали покажуваат дека новиот Ајфон не нуди ништо ново, и ништо подобро од страиот модел iPhone 16 а цената е 15-20% повисока! И тоа во време кога другите произведувачи вршат технолошки револуции ан своите модели.
Аналитичарите истакнуваат дека ветените функции на вештачката интелигенција, кои се уште не се достапни на уредите (се очекуваат во бета верзијата со iOS 18.1 следниот месец), би можеле да бидат фактор за послаб интерес на потрошувачите.
Иако резултатите од претпродажбата се послаби, Apple сепак има шанса да се пробие на пазарот. Некои аналитичари веруваат дека пократкото време на испорака значи дека Apple го подобрил синџирот на снабдување и го зголемил производството на уреди. Директорот на T-Mobile, Мајк Сиверт изјави дека оваа компанија лани продала повеќе iPhone 16 уреди од iPhone 15, што е позитивен сигнал, пишува CNN.
Што ќе биде, ќе видиме, досега останува фактот дека Ајфоните, особено најдобрите два модели, паднаа во продажбата за околу 20%, очигледно модата за Ајфон е во втор план во однос на квалитетот, опциите и цената која ја нудат други врвни модели на Андроид системот.