Шкода ги објави
првите фотографии и детали од својот нов електричен SUV Елрог минатата недела. Чешката
марка планираше шест нови електрични автомобили во следните две години, но
плановите сега се откажани, според Autocar.
Меѓу моделите што
треба да се одложат е електричниот наследник на Октавиа. Овој автомобил нема да
се појави дури во 2027 или 2028 година.
Оваа одлука
секако ќе ги израдува љубителите на возилата со мотори со внатрешно согорување
и класичните Шкоди кои се уште се во производство.
Искрено, како што
се забавува транзицијата кон електрични автомобили, ние ги преиспитуваме
временските рамки.
Имавме Ениак
Купе, Елрог, Епик, а следен ќе биде уште еден (електричен) SUV. После тоа,
можеби во 2027 или 2028 година, планираме електрична Октавиа“, вели директорот
на, Клаус Зелмер за Autocar.
Лансирањето на
електричниот модел Октавиа е одложено, а Шкодаќе го продолжи животниот век на
сегашните и добро прифатените автомобили.
Ова се однесува
на класичната Октавиа, но и на Фабиа, Камик и Скала, кои ќе останат на пазарот
најмалку до 2030 година. Шкода сака да ја прилагоди својата програма на
барањата на клиентите.
Продажбата на
електрични автомобили на европските пазари значително забави, па овие потези на
Шкода се сосема логични.