Веднаш била започната голема полициска акција, а до попладневните часови на терен биле тешко вооружени полицајци, јавуваат локалните медиуми.
Како што соопшти градската полиција на Цирих околу 14:00 часот дошло до насилен инцидент, пренесува Blick.
Маж нападнал неколку деца, а три се повредени.
Засега нема информации за тежината на повредите.
Осомничениот е уапсен и повеќе нема никаква опасност за населението.
Од полицијата во соопштението велат дека на јавноста дополнително ќе ѝ достават информации за инцидентот.
Во меѓувреме, жителите пријавиле силни полициски блокади на улицата каде што се случил нападот, како и дека прозорците на една зграда се покриени со фолија.
NZZ.ch јавува дека на терен се голем број возила на итната помош, како и дека полициски дрон го надлетува тој дел од градот.