Трамп пријавил приход од повеќе од 1,4 милијарди долари од вложувања во крипто-проекти

1.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп пријавил приход од повеќе од 1,4 милијарди долари од вложувања во крипто-проекти

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година пријавил повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто-инвестиции на неговото семејство, што покажува дека поголемиот дел од својот приход тој го остварува од дигитални валути кои имале корист од неговите политики.

  Финансиските извештаи за минатата година поднесени до Канцеларијата за владина етика откриле дека неговите компании добиле речиси 800 милиони долари само од „Ворлд либерти фајненшл“, крипто-проект што американскиот претседател го започнал со своите синови.

 Според американските медиуми, приходите од криптовалути биле убедливо најголемиот извор на заработка на претседателот.

 Тие значително ги надминуваат 77-те милиони долари приходи од неговото одморалиште Мар-А-Лаго, како и 25-те милиони од неговиот голф-клуб во Северна Вирџинија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата