Трамп одби да учествува во интервју за телевизијата Си-Би-Ес

2.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп одби да учествува во интервју за телевизијата Си-Би-Ес

Си-Би-Ес ги покани претседателските кандидати на одделни интервјуа кои ќе бидат емитувани пред изборите во ноември.

Тимот на „60 минути“ соопшти дека кампањата на Трамп првично се согласила на интервју.

Харис и Трамп учествуваа на дебата на 10 септември. Иако Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен за втора дебата подоцна овој месец, Трамп не го стори тоа.

Си-Би-Ес беше домаќин на потпретседателската дебата меѓу републиканскиот сенатор од Охајо, Џеј-Ди Венс и демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата