Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Подеста: Очекуваме Фон дер Лајен да присуствува на неформалниот Самит на ЕУ на 17 јуни

11 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ваквата изјава на Подеста претставуваше одговор на новинарско прашање за коментар на написот во „Политико“ дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел предложил Фон дер Лајен да не присуствува на неформалната средба на лидерите на земјите членки на ЕУ планирана за 17 јуни, на која ќе се разговара за можните кандидати за највисоките позиции во Унијата. 

- Немаме дополнителни информации, а Советот на ЕУ е место што може да даде дополнителни елементи, нагласи Подеста. 

Според тврдењата на „Политико“, Мишел може да реши да не ја покани Фон дер Лајен на средбата од причина што станува збор за неформално заседание на Советот. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ