Огромен пожар во пожар во познато летувалиште- загина жена, 1.700 туристи се евакуирани (ВИДЕО)

20.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Огромен пожар во пожар во познато летувалиште- загина жена, 1.700 туристи се евакуирани (ВИДЕО)

Во официјалното соопштение од службата за итни случаи DAEH се вели дека Франческа Валентино, 46-годишна италијанска државјанка, загинала во пожарот во хотелот „Вива Виндам Доминикус Бич“. Според службата, три лица се однесени во медицински установи, додека шест други се згрижени на лице место, а меѓу повредените има гости, посетители и спасувачи, објави Си-Ен-Ен.

Видеата емитувани од локалните медиуми прикажуваат драматични сцени од карипскиот брег, каде што густи облаци од црн чад се издигаат над плажата додека пламените јазици целосно го зафаќаат сламениот покрив на одморалиштето.

Центарот за итни ситуации (COE) соопшти дека пожарот се шири со огромна брзина.

- Прелиминарните набљудувања покажуваат дека пожарот се проширил брзо поради запаливоста на конструкциите на покривот од палми, како и ветерот - се вели во соопштението на COE.

„Виндам Хотели енд Ресортс“, кој поседува франшиза за околу 8.400 хотели низ целиот свет, не одговори веднаш на барањето за коментар.

Локалните власти потврдија дека пожарот оттогаш е ставен под контрола, но дека точната причина за пожарот сè уште е под истрага. Сите евакуирани гости веднаш беа преместени во блиските хотели, а беше нагласено дека соседниот хотел „Вида Виндам Доминикус Палас“, кој припаѓа на истиот синџир, не претрпел никаква штета.

И покрај сериозноста на инцидентот, властите ја уверуваат јавноста дека нема потреба од паника и дека одморот за другите посетители продолжува без прекин.

„Туристичките активности во Баџаџибе и околината остануваат ненарушени и продолжуваат да работат безбедно и нормално“, додаде Центарот за вонредни ситуации.

Доминиканската Република е позната по своите кристално чисти води и бели песочни плажи, што ја прави водечка туристичка дестинација на Карибите. Популарноста на овој рај се докажува со фактот дека само во првите пет месеци од оваа година се регистрирани околу 5,6 милиони посетители.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата