На натпреварот од групната фаза меѓу Шпанија и Саудиска Арабија, автоголот на дефанзивецот на Саудиска Арабија, Хасан Ал-Тамбакти беше осмиот гол постигнат во сопствената мрежа на 37 натпревари досега на тековното првенство.
Рекордот беше поставен на Светското првенство во Русија 2018 година, каде што беа постигнати 12 автоголови на 64 натпревари.
На последното Светско првенство во Катар во 2022 година беа постигнати само 3 автогола, но со оглед на моменталната слика во САД, Мексико и Канада, голема е веројатноста овој неславен рекорд од Русија да биде надминат.

