Тренерот на Роналдо од Ал-Наср ќе биде нов селектор на Португалија?

19.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тренерот на Роналдо од Ал-Наср ќе биде нов селектор на Португалија?

Доколку Португалија доживее разочарување на ова Светско првенство, Роберто Мартинез сигурно ќе добие отказ. Според пишувањата на португалскиот печат, Федерацијата веќе бара солуции за негова замена, па во игра влезе 71-годишниот стратег Жорге Хезус.

Актуелниот селектор на репрезентацијата, Роберто Мартинез, и сам истакна дека има намера да ја напушти својата позиција по Светското првенство во 2026 година поради истекот на неговиот договор, што значи дек Португалците ќе мора да најдат нов тренер.

Преговорите со Жезус се во напредна фаза во последните месеци.

Жезус претходно ја напушти функцијата главен тренер на Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо. Клубот ја освои титулата во Саудиска Арабија минатата сезона.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата