Шок на пресот на ДР Конго: Селекторот дозна дека починал татко му

2.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шок на пресот на ДР Конго: Селекторот дозна дека починал татко му

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго, Себастијан Десабре, доживеа вистински шок на прес-конференцијата по поразот од Англија на Светското првенство. Имено, портпаролот на федерацијата му соопштил дека неговиот татко починал.

Селекцијата на ДР Конго беше поразена од Англија со резултат од 2:1, а херој на Горди Албион беше Хари Кејн, кој со два гола ги одведе во осминафиналето, каде што ќе играат против Мексико.

Сепак, моментот беше засенет од трагична вест. Не е познато точно кога 49-годишниот Десабре дознал за смртта на својот татко, но веста беше јавно потврдена на самиот крај од неговото обраќање до медиумите по натпреварот.

Портпаролот рече на француски:

„Ви благодариме. Сакаме да објавиме дека селекторот го загуби својот татко. Изразуваме искрено сочувство.

Прес-конференцијата веднаш беше прекината. Десабре изгледаше шокиран што веста беше објавена, па затоа само тивко се заблагодари пред да си замине.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата