Нојер е нов рекордер на Германија

14.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нојер е нов рекордер на Германија
фото: Instant Foot (X)

Легендарниот голман на Баерн Минхен и на репрезентацијата на Германија, Мануел Нојер, денес повторно собори мноштво рекорди. 40-годишниот голман се врати во Бундес-тимот и започна од првата минута на натпреварот против Курасао.

Нојер со тоа сега е највозрасниот германски играч кој играл на Светско првенство, со 40 години, 2 месеци и 19 дена. Голманот на Баерн игра и на своето петто Светско првенство, подвиг што го постигна само рекордерот Лотар Матеус.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата