Сами Кедира ќе биде помошник на Мурињо на клупата на Реал (М)

14.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сами Кедира ќе биде помошник на Мурињо на клупата на Реал (М)
фото: Actu Foot (X)

некогашниот германски репрезентативец и фудбалер на Реал (М) се приклучи во тренерскиот штаб на Жозе Мурињо во редовите на „кралскиот клуб“.

Според „Атлетик“, поранешниот играч од средниот ред на германската репрезентација, кој играше за Реал Мадрид од 2010 до 2015 година, ќе ја преземе позицијата помошник тренер. Ова ќе биде прво тренерско искуство за Кедира.

Мурињо наводно сакал асистент во својот персонал кој би служел како врска меѓу тимот и тренерскиот персонал. Претходно беше објавено дека Португалецот сакал да го покани поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Пепе.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата