Најбизарен скандал на СП: Фудбалер го издавал составот на медиумите за да врши притисок врз селекторот!

5.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најбизарен скандал на СП: Фудбалер го издавал составот на медиумите за да врши притисок врз селекторот!
фото:City Xtra @City_Xtra (X)

Ријад Махрез наводно споделил информации за почетниот состав на неговата репрезентација неколку часа пред натпреварот Алжир-Швајцарија на Светското првенство, со цел да изврши притисок врз селекторот Владимир Петковиќ и да ја промени неговата одлука, тврди алжирскиот новинар Дин Ами.

Ами, кој известува за африканскиот фудбал за BBC и beIN, објави на X дека капитенот на Алжир сакал поинаков систем на игра против Швајцарија. Според него, Марез побарал централниот бек Зинедин Белаид да го започне натпреварот и Алжир да игра со три централни бекови, додека Фарес Чаиби требало да игра во центарот на средниот ред.

Новинарот тврди дека Марез се обидувал да го убеди стручниот штаб да го промени составот, а информациите за планираниот состав биле протечени во јавноста токму за да се создаде медиумски притисок. Засега, ова се само тврдења на Ами, кои не се потврдени од Алжирската фудбалска федерација или Петковиќ.

Петковиќ одлучил да не го стартува Белаид. Алжир против Швајцарија започна со четворица играчи во задната линија, додека Рамиз Зеруки, Фарес Чаиби и Набил Бенталеб беа во средниот ред. Белаид остана на клупата.

Швајцарија поведе во 10-тата минута со гол на Брил Емболо, а потора го зголеми водството веднаш по почетокот на второто полувреме. Ами тврди дека Марез повторно побарал да се префрли во одбрана за време на паузата од првото полувреме со тројца централни бекови и Белаид во тимот, но Петковиќ не го променил својот план.

Промената во одбраната дојде дури откако беше примен вториот гол. Жауен Хаџам влезе во 58-мата минута, заедно со Амин Гуири, додека Белаид дури тогаш не доби шанса. Алжир загуби со 2-0 и беше елиминиран во осминафиналето на Светското првенство.

Марез по натпреварот објави дека тоа е неговиот последен настап за репрезентацијата. „Ова беше мојот последен натпревар“, рече 35-годишниот капитен на Алжир.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата