Мексико, Англија, Бразил и Норвешка дигнаа „бунт“ – ФИФА попушти!

4.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мексико, Англија, Бразил и Норвешка дигнаа „бунт“ – ФИФА попушти!
фото: FIFA World Cup Stats (X)

Пред осминафиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Англија и Мексико, ФИФА беше принудена да се откаже од планот за промена на датумот на натпреварот по силното противење од четири национални асоцијации.

ФИФА размислуваше за поместување на натпреварот во Мексико Сити, првично закажан за недела во 18 часот по локално време, шест часа порано поради силни грмотевици и ризик од поплави.

Сепак, според извештаите на англиските медиуми, идејата беше отфрлена по силниот притисок од фудбалските федерации на Англија, Мексико, Бразил и Норвешка.

Причината за незадоволството не беше само натпреварот Англија-Мексико. Промената на датумот на тој натпревар автоматски би довело до одложување на осминафиналниот натпревар помеѓу Бразил и Норвешка за да се избегне преклопување на распоредите, поради што сите четири земји се вклучија во преговорите.

Англиската фудбалска асоцијација беше особено гласна, верувајќи дека одлуката во последен момент ќе ги наруши подготовките на националниот тим, како и плановите на голем број навивачи кои планираа патување во Мексико Сити за недела.

Селекторот на Мексико, Хавиер Агире, исто така го изрази своето незадоволство, истакнувајќи дека промената на датумот сериозно ќе го наруши планот за подготовка на неговиот тим.

„Нема да кажам дека целата наша работа оди во вода, но не е далеку од тоа. Губиме шест часа што беа дел од нашиот план за денот на натпреварот. Тоа воопшто не ми се допаѓа“, рече Агире.

Како што стојат работите, ФИФА попушти под притисокот од четирите федерации, па натпреварот Англија-Мексико треба да се игра на првично закажаниот датум, и покрај неповолната временска прогноза.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата