Халанд е гол – машина, ова е најлошиот Бразил во историјата, двете грешки на Анчелоти

6.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Халанд е гол – машина, ова е најлошиот Бразил во историјата, двете грешки на Анчелоти

Изминатава ноќ бевме сведоци на два супер интересни 1/8 финални мечеви. Норвешка го победи Бразил со 2:1 а Англија на „Ацтека“ го расплака Мексико. Секако дека елиминацијата на „Кариоките“ е во преден план, и по 24 години нема да дојдат до шестата титула.

Денешен гостин во рубриката “Коментар на денот“ е Срѓан Захариевски…

-Халанд го уништи Бразил и го прати дома…

Па, искрено не ме изненадува епилогот од овој меч. Јас во неколку наврати претходно истакнував дека не очекувам нешто посебно од овој Бразил, кој очигледно е далеку од некои дамнешни времиња. Според мене овој Бразил е најлошиот Бразил во историјата. Можеби ако пеналот на 0:0 беше реализиран, работите ќе беа поинакви, ама не верувам. Исто така клучни беа две грешки на селекторот Карло Анчелоти. Првата е зошто Гимараеш го изведе пеналот, а втората е зошто на 0:0 го стави во игра Нејмар, мене не ми е јасно. Па Нејмар две – три години нема изиграно ништо. Тој не требаше да добие ни повик. Со влегувањето на Нејмар, дефанзивата на Норвешка малку се ослободи и потоа беше се полесно. Очигледно е дека Карло Анчетолоти сакаше да и се додвори на јавноста во Бразил со Нејмар. Норвешка и дефинитивно е сериозна репрезентација. Знае што сака, знае колку може и после ова ќе биде уште поопасна со уште поголема самодоверба. Имаат и одличен селектор кој маестрално тактички го водеше мечот, пред се со измените. Халанд? Па, зарем треба нешто да се кажува за него. Дечкото е гол – машина, неверојатна физичка сила, неверојатна фудбалска дрскост, убедливо најдобра „деветка“ во моментов во светот на фудбалот. Погледнете ги бројките и се ќе ви стане јасно. Норвешка и З.Острови се најголемите пријатни изненадувања според мене. Секоја чест за Халанд и другарите“.

-Англија го преживеа пеколот на „Ацтека“…

Одличен, фантастичен меч, веројатно најубавиот во досегашниот дел од Мундијалот. Израмнет според статистиката, Мексико одигра одлично, но сепак Англија на сув квалитет, пред се поради феноменалното издание на Белингам успеада дојде до победата, се разбира и Кејн е тука со уште еден постигнат гол. Голема, голема победа на Англија која одигра најдобро во еден така важен момент за нејзе. Просто беше за уживање да се гледа овој натпревар на кој имаше од се по нешто што го краси фудбалот. Голови, шанси, пенали, исклучувања, драматика…браво и за Мексико и пред се за Англија“.

-Во 1/4 финалет спектакл – Норвешка против Англија…

Па ако пред мечот Норвешка – Бразил кажав дека шансите се 50-50, сега и давам мала предност на Англија. Тухел и неговите избраници секако дека нема да ги повторат грешките на Бразилците. Англија сепак е поквалитетен состав од Норвешка, но секако не смееме ниту да помислиме дека Халанд и другарите нема да се обидат да дојдат до уште еден триумф. Победникот од овој меч ќе оди во полуфиналето, и ете милион мотиви и за едните и за другите да дојдат до победата. Во секој случај тоа ќе биде спектакл, можеби и меч за паметење“ заврши Захариевски.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата