Историски бод за Курасао, моќно издание на Јапонија (ВИДЕО)

21.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Историски бод за Курасао, моќно издание на Јапонија (ВИДЕО)
Фото: FIFA World Cup X

Курасао го постигна она што многумина го сметаа за невозможно, а тоа беше да го освојат својот прв историски бод на Светското првенство. После поразот од 7:1 против Германија во првиот натпревар на Мундијалот, Курасао утрово одигра нерешено против Еквадор.

Во второто коло од Групата Ф на Светското првенство во фудбал, Јапонија ја декласираше Тунис со високи 4:0 во Монтереј. Јапонците целосно доминираа во текот на сите 90 минути против Тунижаните, кои беа целосно немоќни пред квалитетот и брзината на ритамот на азискиот тим.

Најдобар играч на натпреварот беше Ајасе Уеда, кој постигна два гола и намести еден гол. Заедно со него, погодија и Даичи Камада и Џуња Ито.

Јапонците сега имаат 4 бода, како и Холандија, со која ремизираа во последното коло. Во последното коло од групната фаза, Тунис ќе се соочи со Холанѓаните, а Јапонците со Швеѓаните.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата